Цврстиот став на германската влада кон Русија, поради специјалната операција во Украина, е под зголемен притисок од јавноста, која е загрижена за високите цени на енергенсите и можниот недостиг на гас пред зимата.

Досега, сите главни партии, од социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц и неговите коалициски партнери Зелените и Слободните демократи до конзервативците, ги поддржаа западните санкции против Русија.

Во последните неколку недели, конзервативците станаа скептични за стратегијата на Западот.

Анкетите покажуваат дека околу 50 отсто од Германците веруваат дека санкциите повеќе ја погодуваат нивната земја отколку Русија. Свесни се дека гасот „доаѓа“ од Русија во Германија во последните 50 години.

Оваа година Германија го забележа својот прв надворешно трговски дефицит од 1991 година, а инфлацијата достигна околу 8 отсто.

– Целиот наш економски систем би можел да пропадне. Ако не бидеме внимателни, Германија би можела да се деиндустријализира – изјави во четвртокот за Ди Цајт Михаел Крешмер, конзервативниот лидер на источната покраина Саксонија. – Ако не можеме да се откажеме од рускиот гас во моментов, тоа е сурова реалност и мора да постапиме соодветно – додаде тој.

By Author