Сајтот за резервација за сместување „Booking.com“ со месеци не плаќа пари на многу хотели и други партнери ширум светот поради како што вели „технички проблем“, пишува Гардијан.

Најмногу проблеми имаат партнерите на порталот во Тајланд, Индонезија и Европа.

Се чини дека стандардната процедура е тоа што корисникот резервира соба преку порталот и одлучува да плати однапред, по што сајтот ги зема тие пари и ги препраќа до хотелот без провизија.

Сепак, партнерите на Букинг пријавуваат проблеми со плаќањата од јули, а некои од нив изјавија дека не примале исплати многу месеци претходно, иако порталот редовно добивал исплати од корисниците.

Во август, Букинг Груп објави вкупен приход од 5,5 милијарди долари и профит од 1,3 милијарди долари за вториот квартал од 2023 година.

By Author