Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство, нагласува вселенскиот патријарх Вартоломеј во овогодишното божиќно послание до православните христијани во светот, од кои некои Божик го празнуваат на 25 декември, додека оние кои се водат по Јулијанскиот календар на 7 јануари.
Вселенскиот патријарх оваа година прв пат во историјата посланието го објави и на македонски јазик, со тоа што на православните христијани во Македонија, Христовото раѓање им го честита на мајчиниот јазик.