Невообичаено долгото времетраење на снежните врнежи денеска ја изненади јапонската престолнина Токио, а првпат по четири години беа издадени предупредувања за обилен снег за градот и околните места.
Според Ројтерс, снег во Токио паѓа еднаш или двапати во текот на зимата, но задржувањето на снежната покривка е редок случај.
Градот има ниски температури повеќе од една недела, кои во комбинација со слабиот притисок доведоа до врнежи од снег.
Се наведува дека снегот во Токио се очекува да достигне најмалку осум сантиметри.
Бидејќи температурите продолжуваат да опаѓаат, властите предупредија на лизгави улици и можни доцнења во транспортот.
„Овде не паѓа толку често снег“, вели 26-годишната студентка и додава дека е тешко ако сообраќајот престане, но дека глетката кон снежните пејсажи е прекрасна.