Голем пожар избувна на камионска постојка околу 4 часот и 30 минути утринава во Хамбург во областа Ротенбургсорт. Полицијата ги предупреди жителите дека силен чад полн со хемикалии се упатува кон градот.
Досега целото стојалиште е изгорено, јавуваат германските медиуми. Пожарникарите на местото на пожарот пристапуваат само со маски, а областа се уште ечи од детонации.
Пожарникарите испратија предупредување до граѓаните во населбата Ротенбургсорт да ги затворат прозорците и вратите бидејќи може да бидат погодени од чад и хемикалии од воздухот.
Според првичните информации, на местото на пожарот истекува водород сулфид. Причината за пожарот се уште не е позната.
Затворен е и патот околу градот во двата правци за да можат пожарникарите да бидат поефикасни во гаснењето на пожарот, а се воспоставени и алтернативни правци.
Пожарникарите ги предупредија жителите да ја избегнуваат областа зафатена од пожарот.
„Ќе ве известиме кога ќе помине опасноста. Следете ги препораките на службите за итни случаи. Ве молиме известете ги и вашите соседи, особено оние на кои можеби им е потребна помош поради попреченост, јазични бариери или намалена подвижност“, велат тие.