На 25.06.2022 година, во шумски појас на планината Караорман, во атарот на струшкото село Мислодежда, преземени се координирани мерки од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување, Регионален центар за гранични работи – Запад, СВР Охрид, Шумска полиција и ЈП,,Национални шуми“ при што лишени од слобода се 12 лица на возраст од 23 до 49 години, од кои од кои осум албански и четири државјани на РС Македонија.
Тие биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво, при што на лице место биле пронајдени повеќе кубни метри исечена дрвна маса, теренски возила, камиони, трактори, моторни пили и секири.
Лицата се приведени во полициска станица, возилата со нелегално исечените дрва се одземени и предадени на Шумската полиција, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.