Во близина на главниот град на Сирија, Дамаск, рано утринава се слушнале експлозии, јавија локалните медиуми, наведувајќи дека причината за експлозиите не е позната.
Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека експлозиите оштетиле ракетни складишта на проирански групи, пренесува Ројтерс. Во извештаите се наведува дека нема потврдени загинати или повредени, а не се знае што ги предизвикало детонациите.
За време на 12-годишниот конфликт во Сирија, Иран беше главниот поддржувач на сирискиот претседател Башар ал Асад. Проиранските милиции, вклучувајќи ги либанските Хезболах и шиитските, проирански фракции, контролираат делови од Сирија на исток, југ и север и во предградијата околу главниот град Дамаск.
Израел со години изведува напади врз цели поврзани со Иран, но ретко ги коментира спецификите на своите цели веднаш по воздушните напади.