Голем пожар зафати станбена зграда од 24 ката во квартот Кадика, во азискиот дел на Истанбул.
Никој не е повреден во саботата во пожар во облакодер од 24 ката во Истанбул, соопшти градоначалникот на метрополата Екрем Имамоглу, јави ТАСС.
– Пожарот што избувна во катна зграда во населбата Кадикој беше ставен под контрола од нашата противпожарна единица. Евакуацијата е извршена без загуба на животи. Причината за пожарот ќе биде разјаснета по истрагата – напиша градоначалникот на својата страница на Твитер.
Претходно беше соопштено дека пожарот во станбената зграда избувнал на долните катови, но набрзо преку надворешната обвивка стигнал и до горните катови.