Денеска Змискиот остров е полн со уништена руска воена опрема, како што се хеликоптери и ПВО одбрана, што е резултат на повеќемесечното украинско бомбардирање, велат новинарите на Си-Ен-Ен кои го посетија островот
Мал украински екипаж се врати на островот откако беше потопен рускиот крстосувач „Москва“, но според новинарите ситуацијата е таква што тие морат постојано да внимаваат и да функционираат речиси во целосна изолација. Секое активирање на мобилните телефони води до руско бомбардирање во рок од 40 минути. Последниот напад се случи во ноември.