Деветнаесетти ден од војната во Украина. Преговорите меѓу Москва и Киев се очекува да продолжат преку видео врска.
Моментално најкритично е во Маријупоље, каде снема вода и храна.
Украинските власти соопштија дека започнале контраофанзива против Харков и Миколаев. Москва информира дека руските сили напреднале девет километри на територијата на Украина.
Рано утрово, во 5 часот, артилериска граната погоди деветкатница во квартот Оболон во Киев. Најмалку едно лице загина, а три се повредени, јави украинската државна телевизија, пренесува Ројтерс.
Членот на украинската делегација, Дејвид Арахамија, вчера изјави дека преговорите со Русија преку видео-врска наводно ќе започнат во 10:30 часот по локално време.
Сепак, Кремљ се уште не ги потврди овие наводи.