Парламентот на Ел Салвадор прогласи вонредна состојба откако централноамериканската држава забележа десетици убиства поврзани со банди за само еден ден. Полицијата соопшти дека во саботата се случиле дури 62 убиства, што е најнасилниот период од крајот на граѓанската војна во 1992 година.
Новите закони го ограничуваат правото на собирање, дозволуваат апсења без налози и следење на комуникациите.
Неколку часа пред пратениците да гласаат за новите овластувања, кои ќе останат во сила 30 дена, полицијата соопшти дека четворица водачи на банди, Мара Салватрука (МС-13), биле уапсени за серија убиства.
Претседателот Наиб Букеле, избран во 2019 година со ветување за борба против организираниот криминал и подобрување на безбедноста, рече: „Бројот на убиства повторно расте. Додека се бориме со криминалците на улиците, мора да се обидеме да разбереме што се случува и кој го финансира .
Претседателот на Конгресот Ернесто Кастро рече дека државата мора да ги остави војниците и агентите да си ја вршат својата работа и мора да ги брани од обвинувањата на оние што ги штитат членовите на бандата.
Властите велат дека бандите МС-13 и Барио-18, меѓу другите, имаат околу 70.000 членови и се одговорни за убиства, изнуда и трговија со дрога.