Денес сообраќајна незгода се случила околу 12:20 часот на железничкиот премин кај поранешна „Порцеланка“ во Велес.

Според првичните информации на Итната медицинска помош има многу повредени и нивни екипи се наоѓаат на лице место.

До сега, 12 повредени пациенти се транспортирани во велешката болница.

-Патничко комбе удрило во ѓелезничко превозно средство на преминот на пругата кај поранешна „Порцеланка“ објавија локалните медиуми.

By Author