Епилог од трите распити на возачот Јордан Ѓ кој ја усмрти 24-годишната Викторија Николовска и притоа не излегол од колата за да им пружи помош.

Судот му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ кој со автомобил марка “Цитроен Ц4″ Ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николовска, а удри и во нејзиното момче .Тој со полициска придружба со лисици на рацете е спроведен во затворот”Скопје” во Шутка .

Неговиот адвокат Душко Јанковиќ во изјава за “А1он” најави жалба за одлуката и тврди дека Јордан не може да го повтори делото доколку му се одземе возачката, а не може ниту да влијае бидејки примероците за вештачење се земени, заедно со возилото.

By Author