На вчерашната средба на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ се дискутираше на повеќе теми а една од нив беше и сенародниот протест кој ќе се одржи на 25ти април.
Извршниот комитет донесе одлука да го поддржи сенародниот протест за слобода на неправедно осудените наши браќа од настаните од 27-ми април, кој ќе се одржи на 25-ти април во 12:00 часот.Но исто така од ВМРО се оградуваат од секакви насилни дејствија за време на истиот и повикуваат на мирен протест.
Македонија е земја на диктаторски режим во која вистинските криминалци се на слобода, а патриотите се осудени како терористи. Тоа мора да се промени.Слобода за браќата!