Додека народот нема таблети и вакцини за КОВИД 19 Заев секој месец го плаќал синот на Самка и секретарката на Рашковски.

Со народни пари, како хонорарци чии имиња беа криени од јавноста до вчера, е плаќан и Демир Ибраимоски, син на Самка Ибраимоски, коалиционен партнер на Заев и заменик директор на “Македонија пат”.

И додека Самка ги лаже Ромите со покачена социјална помош, неговиот син земал 40.000 денари месечно како хонорарец.

53.000 денари хонорар од Заев добил и професорот Ванчо Узунов, кој беше и потпретседател на СДСМ.

На листата хонорарци се најде и името на Ивана Митрова, секретарка на Драги Рашковски, која земала 38.000 денари.

Независен колумнист, и владин хонорарец во исто време, тоа е Петрит Сарачини, кој месечно од владата бил плаќан 42.000 денари. Истиот тој се продава како независен и непристрасен.

Марко Михаилоски претседател на СДММ е уште еден од хонорарците чии имиња до вчера не беа објавени.

Дали Михаилоски земал државна плата, а работел партиски задачи? Или партијата и државата тоа е исто за Заев и неговите?

Почитувани,

Ова се само дел од таканаречените експерти и независни хонорарци, кои се платени со наши пари.

By Admin