Класичен и збогатен со сезонско овошје.
Состојки:
200 гр ориз
100 гр шеќер
околу 800 мл млеко
ванилин шеќер
300 гр. јагоди (може малини или капини)
3 лажици шеќер
малку цимет
Подготовка:
Сварете го оризот во вода, а кога водата ќе испари, полека додавајте млеко, шеќер, ванилин шеќер. Кога ќе се олади, ставете го во помали чинии или чаши, посипете малку цимет, а потоа исечете ги поголемите јагоди и наредете ги за десерт.