Од 20.00 часот (11.04.2021) до 05.00 часот (12.04.2021) констатирано е дека 49 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 512 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи испрати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид 19.