Идните крал и кралица ќе продолжат да се појавуваат во ексклузивни видеа на Јутјуб, а веќе некое време се присутни и на Инстаграм и Твитер, каде често ја промовираат својата хуманитарна работа, но и објавуваат детали од нивните животи.
Војводата и војвотката од Кембриџ станаа јутубери, лансирајќи сопствен канал на глобална страница за споделување видео и го објавија на Инстаграм промотивното видео што ги прикажува на нивните активности, како и моментите поминати со нивните деца, видеото за кратко време собра милион прегледи. Нивното промотивно видео започнува со парот кој седи на софа. Принцот Вилијам во еден момент се шегува со Кејт велејќи и „Внимавај што зборуваш, овие момци снимат се“, покажувајќи кон камерите , „Знам“, одговара Кејт.
Патем, во 2007 година Кралицата Елизабета започна свој канал на Јутјуб за промовирање на британската монархија. Концептот за споделување на видеото, наводно, и го објасниле нејзините внуци, принцезите Беатрис и Ежени. Во септември, принцот Чарлс ја лансираше RE: ТВ платформа за кратки филмови што ја уредува секој ден.