Викендот кој е пред нас некому носи многу стрес, некому сериозни разговори, додека некои ќе мора да донесат важни одлуки. Во секој случај, ќе биде одбележан со многу настани на сите полиња.
ОВЕН
Премногу обврски и затоа стресот влијаеше на вашиот имунолошки систем. Размислете да направите план за викенд за полека да воведете здрави навики во вашиот живот.
БИК
Поради бурниот начин на живот, љубовта пропаѓа. Подгответе мал знак на внимание за вашиот партнер за викендот. Ќе видите како се се менува!
БЛИЗНАЦИ
Треба да застанете и да го слушате вашето тело. Ви праќа пораки кои ги игнорирате. За време на викендот, посветете се на себе и полека започнете со систематски преглед.
РАК
Семејните работи се ставени на ред. И на работа работите се одвиваат без проблеми. Сега е време да се опуштите и да си го посветите викендот на себе.
ЛАВ
Дали љубовта и работата можат да одат заедно? Можат, но само ако имате искрен разговор со личноста спроти вас. Не одложувајте, разговарајте сега за викенд.
ДЕВИЦА
Сè полека се става во ред. Со самото тоа и вашиот ритам на живот. Опуштете се и правете работи сега за кои немавте време порано.
ВАГА
Ако сега не донесете љубовна одлука, подоцна ќе биде доцна. Пораките покрај патот не ги има случајно!
ШКОРПИЈА
Ве води страста кога се работи за било што. Личноста која влегла во вашиот живот не е случајно таму. Посветете и повеќе внимание и вашата врска ќе потрае.
СТРЕЛЕЦ
Премногу стресен период кога е работата во прашање. Работната недела полека привршува и сега се фокусирате на нервите кои се прилично напнати и пред пукање.
ЈАРЕЦ
Ако некогаш сте се запрашале како изгледа мирот, бевте сведоци на него оваа недела. Таквата енергија ќе се прелее во викендот, а на вас останува да уживате.
ВОДОЛИЈА
Има премногу тајни околу вас. Вие сте одличен пријател, но тоа не значи дека треба да водите туѓ живот! Ќе бидете среќни да останете сами за викендот и да се посветите на себе.
РИБИ
Ви се допаѓа енергијата околу вас. Иако не оди се како што сте замислиле, сепак одржувате внатрешна рамнотежа. Најважно е!