Гувернерот на руската област Брјанск објави дека украинските сили отвориле оган врз станбени згради во тој регион.
Тоа е регион кој се граничи со северот на Украина, недалеку од градот Чернихив.
„Денеска украинските сили отворија оган врз селото Климово. Гранати оштетија две станбени згради, има жртви меѓу жителите“, напиша гувернерот Александар Богомаз на својот канал „Телеграм“.
Руската истрага покажа дека украинските сили извршиле најмалку шест напади, тврдат руските прорежимски медиуми, додавајќи дека биле нападнати станбени згради. Русите тврдат дека во наводниот украински напад биле повредени најмалку седум лица, како и дека биле оштетени шест куќи.
ФСБ: Украинците со минофрлачи ја нападнаа граничната стража
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека граничарот во областа Брјанск бил погоден со минофрлачи од Украина. Во инцидентот нема повредени, но некои возила се оштетени, изјави портпаролот на ФСБ за државната телевизија.
Украина: Нешто падна и се запали недалеку од границата
Украинското Министерство за одбрана и армијата не одговорија веднаш на барањата за коментар за овој случај.Советникот во украинското Министерство за внатрешни работи Антон Херашченко на Телеграмот објави дека нешто „паднало и се запалило“ во воен објект во Брајанск недалеку од границата. Во соопштението се исмева Русија бидејќи веднаш ја обвини Украина, но експлицитно не негира дека Украина е одговорна.