Ваквите дела на некои луѓе ни ја враќаат вербата во хуманоста, човечноста!
Шест дена по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, бројот на загинати во трагедијата надмина 33.000. Во овие кризни моменти се појавуваат бројни приказни за невидена храброст, а една таква е снимена од надзорните камери во болницата.
Имено, додека силниот земјотрес ги тресеше зградите, медицинските сестри наместо да бегаат за да си го спасат животот, истрчаа кон одделот за новороденчиња и со раце ги држеа инкубаторите со бебињата за да не паднат.
Видеото кое е нашироко споделено на социјалните мрежи, наводно е снимено во Газиантеп, еден од најтешко погодените градови во Турција, пренесува Јутарњи лист.
Видеото го сподели и турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
„За време на првиот удар, нашите две пријателки, медицински сестри, покажаа неверојатна храброст. „Наместо да трчаат надвор, тие се обидоа да ги спречат инкубаторите со бебињата да не паднат“, напиша тој на Твитер.