Името Жаклина е изведено од хебрејското име Јаков, што значи верна и лојална личност.
Имињата кои често се слушаат во Франција се всушност или со латинско или хебрејско потекло. Така е и со името Жаклина, кое беше особено популарно на нашите простори во шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.
Го прослави Жаклин Бувие Кенеди Оназис, поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, а потоа и сопругата на грчкиот милијардер Аристотел Оназис. Таа беше позната како стилска икона која многу жени сакаа да ја копираат.
Во желбата нивните ќерки да бидат сакани, високо рангирани во општеството, забележани по нивната убавина и богати, многу родители на своите девојчиња им го дале ова име во времето на најголемата слава на Жаклин Оназис.
Етимолошки, Жаклина е име од хебрејско потекло; се верува дека потекнува од името Јаков, што во превод значи придружник. Оттука, се верува дека девојките кои го носат името Жаклина ќе бидат верни и лојални и дека саканата личност ќе ја пратат во стопа.
Најчести прекари кои го придружуваат името Жаклина се Жаки и Жана, кое стана посебно лично име и има различна симболика.
Ако знаете некоја Жаклина, испратете ѝ ја оваа приказна за потеклото и значењето на нејзиното име.