Британското Министерство за одбрана соопшти дека руските поморски сили го блокирале украинскиот брег на Црното Море и со тоа ја изолирале Украина од меѓународната поморска трговија.
„Руските поморски сили воспоставија далечна блокада на брегот на Црното Море на Украина, практично изолирајќи ја Украина од меѓународната поморска трговија“, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана.
Британците додаваат дека руските поморски сили продолжуваат да истрелуваат ракети на цели низ Украина.