Националната химна на Велика Британија денес не звучи исто. Имено, Британците отсега наместо „God save the queen“ пеат: „God save the king“.
Ова е едно од правилата што се применуваат кога се менува монархот. Во химната зборот „kvin“ (кралица) се менува во „king“ (крал), додека остатокот од текстот останува ист.
Не е прв пат да се случува вакво нешто, поточно клучните зборови на химната беа сменети со доаѓањето на тронот Елизабета, бидејќи тогаш, исто како и сега, песната се викаше „Господ спаси го кралот“.
Инаку, химната за прв пат беше изведена во чест на тогашниот принц Чарлс Едвард Стјуарт.
Покрај националната химна, во Велика Британија се менуваат и цел куп други работи. Отсега, новокованите монети ќе се печатат со кралот Чарлс III, а ќе има уште една значајна разлика – додека на кралицата Елизабета секогаш била прикажана свртена десно, Чарлс ќе биде свртен лево. Тоа е дел од традицијата која опфаќа повеќе од 300 години, според Кралскиот музај на кованици.
Отсега портретот на кралот Чарлс III ќе ги краси поштенските марки, а тој би можел да добие ново лично знаме, што кралицата го направи во 1960година.