Блејк Лајвли дефинитивно влезе во модерната историја на модата со неверојатно, бајковито издание на овогодинешната Мет Гала, а прекрасниот фустан на Версаче 2 во 1, кој буквално од бакарна роза се претвори во тиркизна на црвениот тепих за околу 30 секунди, не прекинува да се зборува и зборува. Во една вечер имаше двапати полн погодок.

Холивудската актерка со оваа тоалета всушност и се поклони на Статуата на слободата во Њујорк, а зад сето тоа се крие интересна приказна. Имено, кога во далечната 1886 година во Њујорк била поставена Статуата на слободата, таа била кафено црвенкаста бидејќи била направена од бакар. Но, како што бакарот ја менува бојата поради оксидација, симболот на овој град на крајот доби тиркизна боја.

Блејк навистина фантастично одговори на самата тема на настанот – позлатеното доба, а остана доследна на темата и на афтер-журката, појавувајќи се во ултра краток црвен фустан кој остави многу секси, но и многу шик впечаток.

Познатата 34-годишна девојка и во овој случај му веруваше на брендот Версаче, а краткиот фустан со корсет, но и деколте карактеристично за 19 век, ја истакнаа нејзината витка, затегната фигура и долгите нозе.

Оваа креација е опкружена со ситни црвени циркони, а украсена е со детали од црна тантела и црни кристали, а Блејк ја надополни со црни, кожени чевли на Christian Louboutin со вртоглаво високи потпетици.

By Author