Бременоста и периодот по породувањето бараат посебна грижа, како за бебето, така и за сопственото здравје. А за и вие и бебето да бидете безбедни и здрави, потребно е внимателно да ја следите вашата исхрана и да внимавате што јадете.
Иако исхраната не мора да влијае на квалитетот на лактацијата, таа секако влијае на количината на млеко, па кога зборуваме за исхрана за време на лактацијата, посебно внимание треба да се посвети на адекватен внес на енергија.
Имено, како што пренесува Miss7mama, се смета дека на жените во овој период им се потребни дополнителни 500 калории дневно, а советот е енергетскиот внес на доилките да не падне под 1800 калории дневно.
Како да се зголеми количината на млеко?
Покрај внесот на енергија, посебен акцент е ставен на доволен внес на течности. Се покажа дека помалата количина на произведено млеко најчесто е резултат на недоволно внесување вода.
Водата се смета за суштинска хранлива материја поради голем број фактори. Така, тие вклучуваат регулирање на температурата на телото и циркулацијата на крвта, пренесување на хранливи материи во клетките, отстранување на токсините од телото и стимулирање на метаболизмот.
Водата е главната состојка на млекото, затоа во периодот на лактација се препорачуваат нешто повеќе од 8 чаши вода дневно, а прифатливо е и внесување до 12 чаши вода дневно.
Исхрана за време на лактација
Мајките генерално немаат потреба да го менуваат начинот на исхрана за време на доењето, но не е на одмет да се грижат за изборот на храна, затоа постои листа на намирници кои се препорачуваат во овој период.
Ви издвојуваме некои од нив:
Аспарагус – е многу пожелна храна во чинијата на доилките. Богати се со влакна, фолна киселина, витамини А, Ц и К и фитоестрогени кои позитивно влијаат на производството на млеко.
Морковите и спанаќот се познати по нивното поволно влијание врз производството на млеко. Сокот од морков е особено пожелен во исхраната на доилките.
Овесната каша долго време им се препорачува на доилките како одлична храна за подобрување на производството на млеко. Помага за намалување на холестеролот и одржување на крвниот притисок, кои се многу важни својства и во процесот на лактација.