На состанокот на Советот за национална безбедност на Бугарија беше одлучено земјата да продолжи да ја блокира европската интеграција на Македонија и дека ќе и даде зелено светло на Албанија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
Бугарскиот претседател Румен Радев по средбата, на која присуствуваа и новиот премиер Кирил Петков и претставници на сите парламентарни партии, истакна дека Албанија не треба да ja чека Македонија и треба да и се дозволи да ги започне преговорите со ЕУ.
Давањето согласност за почеток на преговорите за Македонија со ЕУ не треба да биде врзано со рокови, туку со реални достигнувања, вклучително и правата на македонските Бугари“, посочил Радев, пренесува Плус инфо.
Според него, на средбата било оценето дека, четири години по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедски односи и соработка меѓу двете земји од 2017 година, Македонија не направила доволно за неговата имплементација и не дава гаранции за негово исполнување.