Земјотресот беше силно почувствуван во главниот град на Сечуан, Ченгду, а земјата се стресе и во соседните провинции.
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската провинција Сечуан, а под урнатините животот го загубија 46 лица, јави државната новинска агенција Ксинхуа.
Во најсилниот земјотрес што ја погоди провинцијата Сечуан од 2017 година, некои патишта и куќи во близина на епицентарот беа оштетени од лизгање на земјиштето, додека комуникациите беа прекинати во најмалку една област, објави Ројтерс.
Земјотресот беше силно почувствуван во главниот град на Сечуан, Ченгду, а тлото се стресе и во соседните провинции.
Не е забележана штета на брани или хидроцентрали во радиус од 50 километри од епицентарот, додека оштетувањата на електричната мрежа оставија околу 40.000 потрошувачи без струја.
Епицентарот бил во градот Лудинг на длабочина од 16 километри, на околу 180 километри југозападно од Ченгду, соопшти центарот.
Земјотресот се случил на длабочина од 40 километри, соопшти EMSC.
Неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди градот Јан, во близина на Лудиг, соопшти центарот.
Силен земјотрес го погоди Јан во 2013 година, кога повеќе од сто луѓе загинаа, а неколку илјади беа повредени.