Судијката рече дека нејзините тврдења и обвинувања се „целосна измислица“, оценувајќи дека обвинетата „не покажува значителни знаци на каење“.

Англичанката Илианор Вилијамс е осудена на осум и пол години затвор откако лажела дека била силувана и дека била жртва на трговија со луѓе.

Оваа дваесет и две годишна девојка од англискиот пристанишен град Бароу, недалеку од Манчестер, објавила фотографии на Фејсбук лажно тврдејќи дека била малтретирана, пишува Гардијан, пренесува Танјуг.

Таа е осудена на осум и пол години затвор откако судот ја прогласи за виновна дека лажела дека била силувана од многу мажи и дека била жртва на азиска криминална банда вмешана во трговија со луѓе.

Во својот завршен говор, судијата Алтам рекол дека нејзините тврдења и обвинувања се „целосни измислици“, оценувајќи дека обвинетата „не покажува значителни знаци на каење“.

Тој кажал дека пред судењето му биле доставени информации за влијанието на активностите на Вилијамс во заедницата: „Тоа влијание во заедницата се вели дека вклучува некои елементи на тензија во заедницата на Бароу.

„Тоа вклучуваше, како што можам да се сетам, барем едно семејство што се преселило од областа Бароу и штета на различни бизниси“.

Нејзините тврдења станаа вирални во мај 2020 година кога таа објави фотографии на Фејсбук со шокантни модринки и делумно отсечен прст. Таа објави дека била физички малтретирана, тепана и принудена да присуствува на „секс-забави од зли, но паметни“ азиски мажи, главно богати бизнисмени од Пакистан.

Објавата беше споделена повеќе од 100.000 пати и го привлече вниманието на поранешниот основач на Англиската одбранбена лига Томи Робинсон, кој ги предводеше протестите во нејзиниот роден град Бароу-ин-Фернес, Камбрија.

By Author