Во анализата се наведува дека ова е само почеток на голема енергетска криза на Стариот континент
Американската компанија Блумберг денеска објави своја пресметка според која Европа загубила околу трилион долари од почетокот на рускиот напад врз Украина и енергетската криза предизвикана од санкциите.
Во анализата се наведува дека ова е само почеток на голема енергетска криза на Стариот континент, бидејќи и онака високите цени ќе продолжат да растат во наредните години.
Според Блумберг, стабилизацијата на енергетскиот пазар во Европа нема да се случи пред 2026 година, кога се очекуваат нови испораки од САД и Катар.
Танјуг