Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со којасе врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 % во однос на одлукатаод 1.04.2022 година.
Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,5 денари, а за денар Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Намалувањето на малопродажбите цени на нафтените деривати во просек е за 2,50 проценти во однос на одлуката на РКЕ од 1 април годинава.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, а 83 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 82 денари, а новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) е 78,50 денари.
Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,976 денари и килограм ќе чини 54,154 денари.
Од 05.04.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 82,00 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 54,154 (денари/килограм)
Ова се максималните цени, додека трговците може да формираат пониски цени.