Камион во кој се превезувале 100 мајмуни учествувал во сообраќајна несреќа во американската сојузна држава Пенсилванија, соопшти државната полиција.

Во тек е потрагата по животните кои побегнале од оштетеното возило.

Камион со приколка во кој мајмуни биле превезувани во лабораторија доживеал судар во округот Монтре синоќа, изјавила полицајката од Пенсилванија Андреа Пелачик за Дејли Тајм, пренесува Ројтерс.

Властите побараа од жителите да повикаат државна полиција доколку забележат животни како бегаат од камионот.
Во тек е потрагата по животните кои побегнале од оштетеното возило.

By Author