Американското Министерство за правда откри неколку доверливи документи при претрес на куќата на американскиот претседател Џозеф Бајден во градот Вилмингтон, во државата Делавер, објави адвокатот на претседателот Боб Бауер.
Во петокот, претседателот Бајден дозволи пристап до неговиот дом со цел „да се изврши претрес на сите простории во потрага по потенцијални досиеја на потпретседател и потенцијален доверлив материјал“, се вели во изјавата на адвокатот на Бајден.
Во претресот, кој траеше повеќе од 12 часа, пронајдени се документи од мандатот на Бајден во американскиот Сенат, во кој членуваше 36 години, додека други документи се од периодот кога ја извршуваше функцијата потпретседател на САД.
Адвокатот изјави дека ниту Бајден ниту неговата сопруга не биле присутни за време на претресот.