КИНА побара од САД веднаш да ја откажат својата најнова продажба на оружје на Тајван, објави денеска кинеската државна телевизија, повикувајќи се на извор од кинеското Министерство за одбрана.
Пентагон објави дека Стејт департментот одобрил потенцијална продажба на воено-техничка помош на Тајван во вредност од 108 милиони долари, пренесува Ројтерс.
Кинеското Министерство за одбрана во своето соопштение предупреди дека одговорноста за секое поткопување на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец ќе ја сносат САД и порачаа дека кинеската војска е подготвена да ги преземе сите неопходни мерки за зачувување на националниот суверенитет.