Настапот на Јелена Карлеуша во Дубаи веќе неколку дена е во центарот на нашата јавност и странските медиуми.

Пејачката во петокот настапи во Дубаи, кога на публиката и приреди вистински спектакл, а за таа прилика ги воодушеви фановите со минијатурен розов костим, додека на рацете и главата имаше додатоци од пердуви.

Јелена и нејзиниот тим направија атмосфера за паметење, а пејачка го привлече вниманието и на светските медиуми кои се воодушевени од маестралниот изглед на Карлеуша.

– Ѕвездата која е позната како „Српската Лејди Гага“ ги воодушеви обожавателите со неверојатен настап на најголемата сцена во Дубаи, позната по најдоброто место за ноќен живот во Емиратите – напиша познатиот весник „The New York Age“.

Шоуто кое траеше повеќе од два часа покажа дека титулата „дива“ што ја носи Јелена е сосема оправдана, а ја споредија со една од најголемите ѕвезди на сите времиња.

– Српската ѕвезда позната како „Балканска Мадона“… – пишува во весникот „Бензинга“.

Нејзиниот настап е опишан како голем спектакл, кој долго ќе се памети. Пред неа на ова место настапуваа ѕвезди како Тајга и Френч Монтана, а сега пејачката од балканот беше првата жена што ја освои сцената на ова престижно место во оваа светска метропола.

Инаку, Карлеуша реши да помине неколку дена во Дубаи, каде се уште престојува и ужива со ќерките.

Во меѓувреме, медиуми во Србија продолжуваат да шпекулираат за причината за кавгата и наводното семејно насилство во куќата на Карлеуша-Тошиќ, а во меѓувреме се појави приказна дека фудбалерот веќе нашол друга љубов.

Така, експлодираше веста дека Тошиќ веќе неколку месеци е во врска со Софија Шашиќ, ќерката на пејачите Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ. Душко во оваа прилика остана доследен на себе и не се огласи, но Софија за хрватскиот магазин Стори ги демантираше овие наводи.

By Author