Поминаа неполни 24 часа откако ИТФ, АТП и ВТА заедно со четири Грен слем турнири излегоа со заедничко соопштение. Некои одлуки стапија на сила веднаш, а многумина кои го пропуштија напишаното во соопштението останаа зачудени кога го видоа рангирањето на најдобрите во светот.
До имињата на Данило Медведев и Андреј Рублев, моментално први и шести светски тенисери, нема руско знаме.
Овие тенисери, како и сите други кои доаѓаат од оваа земја, повеќе нема да можат да настапуваат под знамето на својата земја. Тоа значи дека ниту на АТП турнејата нема да има руски знамиња бидејќи сите симболи се отстранети.
За среќа на тенисот, донесена е одлука играчите да не бидат суспендирани, туку само да настапат без обележја. Но, во соопштението стои и пораката „Во овој момент“, како да се размислува и дека тоа ќе биде следниот потег доколку не заврши војната во Украина.
„Меѓународната тениска федерација ја осудува руската инвазија на Украина и пристапувањето на Белорусија. Покрај откажувањето на сите ИТФ турнири во тие земји, Бордот на ИТФ денеска одлучи веднаш да ги суспендира Руската тениска федерација и Белоруската тениска федерација од членство и учество во сите меѓународни натпревари до понатамошно известување“, се вели во соопштението на ИТФ.
Се додава дека оваа организација останува во близок контакт со Тениската федерација на Украина и одржува солидарност со народот на таа земја.
Потсетуваме, во вторникот со соопштенија излегоа и АТП и ВТА, кои во заедничко соопштение наведуваат дека тенисерите, како Данило Медведев, Андреј Рубљев и други, нема да се борат под знамето на својата земја.
Ова е единствениот исклучок каде играчите ќе можат да освојуваат титули на турнирите, но само за „своите пари“. Така е и со четирите најголеми турнири, па овој случај го обедини целиот свет на тенисот против Русија.
Иако ваквото појавување на АТП листата беше очекувано, многумина беа изненадени кога видоа како тоа изгледа на дело.