Шумски пожар со силен ветер денеска гори во јужните предградија на Атина, каде е уништена вегетацијата, а поради тоа мораа да бидат евакуирани многу граѓани од тој дел на грчката престолнина, соопшти противпожарната бригада.На 20 километри од центарот на Атина.
Силните ветрови го шират огнот, а густ чад се издига над јужните квартови на грчката престолнина, јавува Ројтерс.
Грчката цивилна заштита преку СМС пораки повика 112 жители на предградијата да ги напуштат своите домови бидејќи пожарот стигнал до нивната станбена зона.
Во текот на денот се евакуирани граѓани од другите зони во близина на пожарот кој се уште не е локализиран.
Пожарот го гаснат неколку десетици пожарникари со шест авиони и три хеликоптери.
Тамошните власти ги обвинија климатските промени, а шумските пожари уништија повеќе од 100.000 хектари шуми и обработливо земјиште.
Повеќе од 200 пожарникари и опрема обезбедена од други земји од Европската унија (ЕУ) наскоро ќе бидат распоредени во Грција за да помогнат во гаснењето на пожарот.
Бугарија, Финска, Франција, Германија, Романија и Норвешка ќе учествуваат во операцијата, координирана од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.