САД иницираат евакуација на семејствата на дипломатите од Украина, јавуваат медиумите, иако Стејт департментот се уште не ја потврдил таа одлука.
Американската телевизија наведува и дека таа информација ја добила од претставникот на американската амбасада во Украина.
Во меѓувреме, агенцијата „РИА Новости“ објави дека прес-службата на Стејт департментот не ја потврдила таа информација. Згора на тоа, Стејт департментот наведува дека, дури и да се потврди таа одлука, таа не подразбира евакуација со владини авиони, туку со комерцијални.
Претходно „Блумберг“ објави дека Вашингтон ја разгледува таа можност, но дека се уште не е потврдена.
Агенцијата исто така, повикувајќи се на свои извори, соопшти дека евакуацијата на дипломатите не е директно поврзана со наводниот руски напад врз Украина, туку дека тоа биле „подготовки во знак на зголемените тензии“.