На повидок уште една војна,војна за Тајван.Војната во Украина ја наруши стабилната економија на САД и ја зголеми инфлацијата, а место кон стабилизација на економијата владата на САД се спрема за војување на нов фронт овојпат во Тајван каде кризата достигна точка на вриење а Кина е спремна да го брани и по цена на нова војна.Дали САД може да си дозволи да војува на два фронта со две велесили?,
Состанокот меѓу министрите за одбрана на Кина и САД заврши со остри зборови, по што портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Ву Џијан изјави дека доколку некоја земја се осмели да го одвои Тајван од неговата земја, нема да се двоумат ниту за момент да започнат војна, без оглед на цената. Според кинеското Министерство за одбрана, Пекинг ќе го „скрши на илјада парчиња“ секој план за прогласување независност на Тајван.
Од друга страна, САД рекоа дека ќе направат се што е во нивна моќ за да ги намалат растечките тензии со Кина, но дека е „забележана“ сè поагресивната политика на Пекинг, а ако се додаде на тоа дека минатиот месец американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека воено ќе се ангажират Соединетите Американски Држави во случај Кина да го нападне Тајван, јасно е дека двете сили се на чекор од конечната пресметка.
На состанокот во Сингапур за време на безбедносниот форум Шангри-Ла Дијалог, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин му рекол на својот кинески колега Веи Фенге дека Пекинг треба да се воздржи од каква било нова дестабилизирачка акција против Тајван. Тој додаде дека САД поради територијалните претензии на Кина се во постојана подготвеност заедно со своите сојузници, вклучително и Тајван.
Од друга страна, Фенге ги прекори своите колеги за американската продажба на најновиот пакет оружје на Тајван и предупреди на можен конфликт околу островот, кој Кина го смета за своја територија. Фенге рече дека продажбата на оружје на Тајван „сериозно го поткопува кинескиот суверенитет и неговите безбедносни интереси“.
Тапаните на војната се огласија и по рускиот напад на Украина, бидејќи од Вашингтон неколку пати доаѓаа изјави дека Пекинг е подготвен да и помогне на Москва во тој конфликт. Сепак, подоцна беше објавено дека не е постигната воена и економска поддршка за Москва, но дека веројатноста тоа да се случи сè уште постои. Еден од „аргументите“ на Западот е дека Кина не го осуди рускиот напад и не го нарекува инвазија како западните земји, туку повикува на преговори.
Што се однесува до кинеската страна, Министерството за одбрана директно и без дипломатска воздржаност соопшти дека војната е завршена работа доколку се прогласи независност на Тајван.
Со оглед на тоа што двете најголеми светски економии во последно време се во дипломатски конфликт за сите можни прашања, како и цврстите позиции што ги имаат двете страни за Тајван, војната во моментов изгледа не само многу реална, туку и опција што ќе се случи. .