Вашингтон вели дека ја предупредил Кина дека ниту една земја нема да може да се извлече од обидот да ја спаси Русија додека Кремљ се бори со санкциите воведени поради нападите врз Украина.
Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан „директно и многу јасно“ му ја изрази својата загриженост на Пекинг за време на разговорите со водечкиот кинески дипломат Јанг Јиечи во Рим, Италија, пишува Си-Ен-Ен.
Тој рече дека Америка многу внимателно го следи степенот до кој Кина дава каква било поддршка за инвазијата на претседателот Путин.
Американските власти пред средбата во Рим изјавија дека Русија веќе побарала воена помош од Кина. Пекинг ја опиша изјавата како дезинформација.