Американски борбени авиони Ф-15 денеска слетаа во воздухопловната база во Естонија, како дел од напорите на НАТО да го зајакне своето источно крило поради тензиите со Русија околу Украина.

„Слетаа шест борбени авиони. Тие ќе бидат распоредени до крајот на следната недела“, изјави портпаролот на базата Амари во Естонија.

НАТО во понеделникот објави дека ќе ги стави силите во готовност и ќе го зајакне военото присуство со бродови и авиони во Источна Европа, но не се зборуваше за американски ловци, пренесува Ројтерс.

Данска претходно најави дека утре ќе ги испрати своите четири авиони Ф-16 во блиската воздухопловна база во Литванија.

By Author