Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Кевин Мекарти, ја одби поканата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го посети Киев и потоа да извлече заклучоци дали на Украина и е потребна помошта испратена од САД.

Мекарти треба да дојде овде и да види што се случува, какви проблеми ни направи војната и како се борат луѓето, па дури потоа да донесе заклучоци, изјави Зеленски за Си-Ен-Ен, пренесува Политико.

Мекарти изјави за телевизијата дека нема да патува во Киев и го обвини претседателот Џо Бајден дека не постапил доволно брзо за да и помогне на Украина навреме, но повтори дека САД не треба да му даваат на Киев „бланко чек“.

„Сакам да бидам апсолутно јасен – нема бланко чекови и не треба да одам во Украина за да разберам дали е потребно или не. „Мојата поента отсекогаш била дека никогаш нема да дадам бланко чек за ништо“, рече Мекарти.

By Author