Албанската опозициска партија Алтернатива одлучи да ја прифати понудата и да стане дел од парламентарното мнозинсто и влезе во влада на Македонија.
Одлуката беше донесена после три средби на лидерот на Алтернатива Африм Гаши и премиерот на државата и лидер на партијата СДСМ во оставка Зоран Заев. Партијата го овласти да преговара за зголемување на разнишаното парламентарно мнозинство.
Со влез во владата Алтернатива со своите четири пратеници ќе го појача мнозинството околу СДСМ и ДУИ на Али Ахмети.
Потпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани на пресот во Тетово кажал дека одлуката да се влезе во влада е донесена на централниот одбор на партијата со мнозинство гласови, а како причина ѓи навел брзото затварање на спорот со Бугарија и почеток на преговори со ЕУ.
Муртезани кажал дека Алтернатива како дел од владата ќе бара меѓународна истрага за неколку судски случаеви во кои се осудени етнички албанци, како што се” Монструм” и “Диво насеље”.
Од неофицијални извори се дознава дека Заев му понудил два ресори- Министерството за здрвство,Информатичко опшество и Администрација но и тројца заменици министри.
Се шпекулира дека министер за здравство ќе биде партискиот секретар Беким Сали. Министерството за иформатичко опшество и администрација Гаши планира да му го довери на огранокот на Куманово, а Орхан Муртезани се очекува партијата да го предложи за директор на МЕпСО.
ПОсле три средби на лидерите очигледно успеаа да се договорат,или некој очигледно мораше да олабави за “доброто на државата”