Во текот на денешниот ден (22.09.2023), во периодот од 06 до 10 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија, со цел зголемување на безбедноста на учениците односно нивниот транспорт до училиштето и назад. При акциската контрола констатирани се 75 прекршоци по Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (19 на подрачје на СВР Штип, 14 СВР Велес, 10 СВР Битола, по 9 на подрачје на СВР Струмица и Куманово, 7 СВР Охрид, 4 СВР Тетово и 3 СВР Скопје) и 9 прекршоци од Законот за возила (5 на подрачје на СВР Тетово и по 1 на подрачје на Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Штип и Куманово). За време на акциските контроли извршени се проверки на 52 возила кои вршат јавен превоз, а презмени се и други активности. По извршените проверки, 37 возила се упатени на вонреден технички преглед, додека 13 возила се исклучени од сообраќај.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патиштасоопштуваат од МВР.