Вчера во утринските часови на врвот Даулагира 1 на Хималаите, висок (8167м) за првпат во историја се развиори македонското знаме благодарение на нашиот успешен кардиолог, академик и некогашен кандидат за претседател Сашко Кедев.

Тој врвот го искачи во експедиција од 22 члена, предводена од тимот “Мингма Џи”, а истата се состоела од 12 Непалци и 10 странци.

Кедев во своето минато ги има искачено седумте највисоки врвови во светот меѓу кој лани на 27ми Септември врвот Манаслу (8163м) го качи и по втор пат.

By Author