Тешка сообраќајна несреќа се случила во денес наутро во Полска, кога се превртел автобус полн со бегалци од Украина. Несреќата се случила на магистралниот пат број 17, делница Лублин-Красништав во градот Колонија Шидлиски.

Во болница се примени пет деца и еден возрасен, соопшти полицијата. Според првите информации децата се во животна опасност. Жени и деца од Украина патувале од граничниот премин Хребена до Варшава.

„Автобусот одел во правец на Варшава, а потоа излетал од патот во канал и се превртел“, соопшти полицијата.

Во автобусот имало 73 лица, меѓу кои и двајца возачи, пишува Polsat News.

„Возачот (47) не бил под дејство на алкохол“, известила портпаролката Елвира Домараџка од окружниот полициски штаб во Свидник.

Таа додаде дека прелиминарните полициски наоди покажуваат дека возачот најверојатно заспал зад воланот.

„Бев на местото на несреќата, службите веднаш интервенираа, спасувачката акција беше спроведена ефикасно и динамично. Противпожарните и полициските единици беа многу брзо изведени на местото на настанот“, рече таа.

Таа додаде дека полицајците им помогнале на жените и децата да излезат од автобусот.

„Групата беше однесена во блиската доброволна противпожарна бригада. Таму бегалците добија топол оброк, пијалоци и психолошка поддршка“, додаде таа.

Таа истакна дека луѓето веднаш дошле на помош.

Беше организирана масовна мобилизација, луѓето почнаа да носат храна и ќебиња. Јасно беше дека сите се со отворено срце и сакаат да помогнат“, рече таа и додаде дека се чекаат информации од болницата за повредени.

Во моментов од каналот на местото на несреќата се извлекува автобус со специјализирана опрема.

Да потсетиме, повеќе од половина милион луѓе побегнаа од Украина во Полска во изминатите осум дена поради руската инвазија.

By Author