Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени кога туристички автобус падна од карпа во турската провинција Бурса, во северозападниот дел на земјата, јавуваат турските медиуми.
Се додава дека меѓу повредените е и возачот на автобусот, пренесе Интерфакс.
Според медиумите, туристичкиот автобус се движел од провинцијата Кутахја кон општина Мудања во Бурса.
Засега не се знае дали во автобусот имало странски државјани.