Полицијата објави фотографии кои покажуваат дека автобусот се превртел и патничкиот простор е целосно уништен.

Најмалку 27 патници загинаа денеска во Мексико, кога патнички автобус изгубил контрола и излетал од патот во провалија длабока 25 метри, соопштија властите.

Несреќата се случила во регионот Миктека во јужната држава Оахака, пренесува АП.

Државниот секретар за внатрешни работи Хесус Ромеро соопшти дека во несреќата загинале 27 лица, меѓу кои и едно иполгодишно дете. Тој рече и дека околу 20 лица се повредени, од кои некои се во многу тешка состојба.

Според соопштението, возачот на автобусот очигледно изгубил контрола над возилото и паднал во провалија.

„Се чини дека недостатокот на вештина и замор ја предизвикаа несреќата“, рече Ромеро во изјава за локална телевизија.

Полицијата објави фотографии кои покажуваат дека автобусот се превртел и патничкиот простор е целосно уништен.

Автобусот тргнал од Мексико Сити за да превезе патници во голем број мали, оддалечени планински села во сиромашниот регион Миктек, според АП.

By Author