Најмалку 10 лица загинаа, а 55 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи кога автобус излетал од патот во Кашмир.

Автобусот превезувал хинду аџии на пат кон храм во Кашмир под контрола на Индија.

Автобусот паднал од мост во клисура на Хималаите.

Спасувачите ги извлекуваат повредените, а надлежните служби се обидуваат да ги извлечат остатоците од автобусот, пренесува АП.

By Author