Австрија од полноќ ги укина сите правила за корона за влез во земјата поради поволната епидемиолошка состојба.
Тоа значи дека сега сите патници кои сакаат да одат во Австрија повеќе не треба да имаат потврда за вакцинација, потврда за прележан ковид или негативен тест.
Новиот режим за влез во земјата важи за граѓаните ширум светот, бидејќи ниту една од нив не е наведена на списокот на земји и региони со поголем ризик од зараза, според новата регулатива на австриското Министерство за здравство.
Туристичките работници и угостители со недели бараат од австриската влада да го укине режимот „3G“ за влез во земјата.
Тие посочија дека многу земји веќе ги укинале сите мерки и дека би било лошо за туризмот да го задржи корона режимот за влез во Австрија.